• вторник, 07 април 2026

Филипче: Недостигаат пари во буџетот за исплата на плати и пензии

Филипче: Недостигаат пари во буџетот за исплата на плати и пензии

Скопје, 7 април 2026 (МИА) - Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостувањето во емисијата „На подиум“ на „Ора24.тв“, предупреди дека во буџетот недостигаат средства за редовна исплата на плати и пензии поради лошо поставените економски политики на Владата на ВМРО - се наведува во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. 

- Нашите анализи, кои потекнуваат од експерти во финансии, кои се реални прогнози, покажуваат дека ќе има огромен недостиг на финансиски средства за да се исплатат плати и посебно пензии затоа што дупката во пензискиот фонд е 50 проценти. Ние ја оставивме со 30 проценти. За 20 проценти се зголеми дефицитот од пари во пензискиот фонд, не знам како ќе иде исплатата на пензиите - рече Филипче.

Тој посочи дека СДСМ, уште кога се носеше буџетот, предупредуваше дека е нереален и не може да одговори на кризни состојби.

- Дали ќе се преброди една криза или не зависи од однесувањето на Владата. Ние предупредивме на почетокот на годината, крајот на минатата година, кога се носеше буџетот, дека буџетот ниту е развоен ниту може да издржи криза. Не е развоен затоа што немаше доволно странски инвестиции. Тие се донесени на една третина. Во наше време беа милијарда и 200 милиони евра во 2024 година како резултат на нашите политики, консекутивните тие години. Сега странските инвестиции се донесени на третина - рече Филипче.

Тој додаде дека буџетот е лошо испланиран, со сериозен дебаланс помеѓу приходите и расходите.

- Огромна е разликата помеѓу приходната и расходната страна. Оваа Влада мисли само на расходната страна затоа што тие може да искористат. Како ќе ги соберат приходите? Укажавме дека тоа не е соодветно испланирано. Еве дојде криза, еве гледаме дека не може ништо да направат ниту, пак, имаат желба. Оваа Влада не се интересира ниту за граѓаните ниту за државата - рече Филипче.

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан