• понеделник, 02 февруари 2026

Филипче најавува тужба ако се утврди дека нема вина во случајот со Жан Митрев

Филипче најавува тужба ако се утврди дека нема вина во случајот со Жан Митрев

Скопје, 29 јануари 2026 (МИА) - Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, најавува тужба против сопственикот на приватната клиника „Жан Митрев“ доколку се утврди дека не се точни наводите оти тој и поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев, правеле рекет со цел да добијат дел од сопственичкиот удел во клиниката. 

- Ако Жан Митрев бил жртва на таков рекет како што кажува, што правел досега? Зошто тој не поднесува тужба, туку Обвинителството по допрен глас. Но, како и да е, нека ја завршат анализата, а потоа, откога ќе се утврди дека јас немам никаква вина, ќе поднесам приватна тужба за нарушување на честа и угледот затоа што нема да дозволам со вакви бандитски работи да ми се нарушуваат честа и угледот - изјави денеска Филипче одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата.

Познатиот кардиолог и сопственик на клиниката „Жан Митрев“ во телевизиско гостување посочи дека за време на корона-кризата му бил вршен притисок од страна на тогашниот премиер и министер за здравство со цел да добијат дел од сопственичкиот удел. бак/са/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан