• понеделник, 23 декември 2024

Филипче, Петровска и Деспотовски ќе ги поднесат кандидатурите за лидер на СДСМ

Филипче, Петровска и Деспотовски ќе ги поднесат кандидатурите за лидер на СДСМ

Скопје, 4 јуни 2024 (МИА) - Поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник од редовите на СДСМ, Венко Филипче и поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска во текот на утрешниот ден се очекува да ги поднесат кандидатурите за претседател на СДСМ. 

Кандидатура за претседател на СДСМ најави и актуелниот директор на ТИРЗ Јован Деспотовски, кој утре ќе одржи прес-конференција пред поднесување на кандидатурата.

- #Нов почеток, нов СДСМ е програмата со која ја барам поддршката за претседател на СДСМ. Во фокусот на оваа програма се луѓето. Оваа програма обединува, а не фаворизира, и во која ќе има место за сите предлози и идеи на луѓето кои искрено ќе се вложат новиот СДСМ да го изгради интегритетот и стекне местото што го заслужува, стои во поканата за прес-конференцијата.

Во медиумите се споменуваше дека е можно да се кандидира и директорот на Царинската управа, Стефан Богоев.

Внатрепартиските избори следуваат по оставката на Димитар Ковачевски и раководството на партијата по поразот што партијата го претрпе на парламентарните избори, на кои освои 18 пратенички мандати. Во недела, 9 јуни, е закажан и отчетниот Конгрес на која ќе се анализираат причините за изборниот резултат. бак/дма/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан