• вторник, 24 декември 2024

Филипче: До моментов се потврдени десет загинати во пожарот, но бројката може да порасне

Филипче: До моментов се потврдени десет загинати во пожарот, но бројката може да порасне
Скопје, 8 септември 2021 (МИА) - Во Тетово се случи несреќа која однесе повеќе човечки жртви. До моментов се потврдени десет загинати во пожарот, но бројката може да порасне. Ова е многу тажен ден, изразувам најдлабоко сочуство до семејствата, напиша на твитер министерот Венко Филипче, кој веќе е во Тетово и во секој момент се очекува да соопшти детали за пожарот. Филипче апелира до медиумите да не шпекулираат со бројките. - Пожарот е веќе изгаснат и сите тимови од болницата се мобилизирани да дадат помош на повредените. Тие итно се траснспортираат во Скопје за да им се даде соодветна нега, тимовите на Клиника се мобилизирани. Наскоро ќе излеземе со нови информации, наведе Филипче на твитер. Според него, лекарите се борат за животите на повредените. -Да им посакаме среќа и да останеме со мислите со нашите сограѓани вечерва. Апелирам до медиумите и граѓаните да не се шпекулира со бројките. Сите потврдени информации навреме ќе ги споделиме, напиша Филипче. мч/дма/  

Остани поврзан