• среда, 25 декември 2024

Филипинскиот претседател се закани со смрт на сите кои прават проблеми во справувањето со коронавирусот

Филипинскиот претседател се закани со смрт на сите кои прават проблеми во справувањето со коронавирусот
Манила, 1 април 2020 (МИА) - Филипинскиот претседател Родриго Дутерте предупреди дека ќе и нареди на полицијата и војската да пукаат во секој што „предизвикува проблеми“ во периодот на едномесечниот карантин во земјата поради коронавирусот. - Ова е предупредвање за сите - слушајте ја Владата, бидејќи е клучно да имаме ред и не ги навредувајте здравствените работници, лекарите ... затоа што тоа е сериозно злосторство. Им наредувам на полицијата и војската, ако некој прави проблем, а вашите животи се загрозени, пукајте, рече Дутерте во обраќањето до нацијата. Дутерте издаде предупредување до сите жители на сиромашните квартови во Квизон Сити, округот Манила, кои протестираа покрај автопатот, бидејќи не добиле пакети со храна откако започна карантинот пред две недели. На Филипините досега од коронавирусот починаа 96 луѓе, а 2.311 се заразени. паг/    

Остани поврзан