• вторник, 14 април 2026

Филипините прогласија национална енергетска вонредна состојба поради намалувањето на резервите на нафта

Филипините прогласија национална енергетска вонредна состојба поради намалувањето на резервите на нафта

Манила, 24 март 2026 (МИА) – Претседателот на Филипините, Фердинанд Маркос Помладиот, денеска прогласи едногодишна национална енергетска вонредна состојба како одговор на ефектите од војната во Иран врз цените на нафтата.

Растот на цените на нафтата ја загрозува енергетската безбедност на земјата, рече Маркос. Декларацијата му овозможува на Министерството за енергетика да преземе мерки против нереалното зголемување на цените, военото профитерство и пазарната манипулација.

Вонредната состојба ќе трае една година, освен ако не биде укината или продолжена.

Владата најави продолжување на субвенциите за гориво за компаниите за јавен превоз кои ги опслужуваат патниците и соопшти дека ќе им помогне на земјоделците, рибарите и другите групи.

Увозот на нафта е запрен како резултат на блокадата на Ормуската Теснина, а цените на горивата на бензинските пумпи се зголемија. Филипините увезуваат 95 проценти од својата нафта. Ситуацијата дополнително се влоши со падот на пезосот на 60 за еден долар.

Според официјалните извештаи, повеќе од 400 бензински пумпи престанале со работа. Во тек се истраги за тоа дали тие ги кријат резервите на гориво со надеж за уште повисоки цени.

Земјата веќе воведе четиридневна работна недела за државните служби за да заштеди гориво, а Маркос ги повика властите да ја намалат потрошувачката на електрична енергија и гориво. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан