• понеделник, 23 декември 2024

Физички лица што остваруваат приход да платат данок, во Кавадарци УЈП се сретна со членки на регионална Стопанска комора

Физички лица што остваруваат приход да платат данок, во Кавадарци УЈП се сретна со членки на регионална Стопанска комора

Кавадарци, 24 јули 2024 (МИА) - Физички лица што остваруваат приход да платат данок, вработени во УЈП денеска беа на средба со претставници на членки на регионална Стопанска комора со седиште во Кавадарци.  

- Целта беше да им се објасни за правата и обврските на даночните обврзници во делот на издавање под закуп на недвижен имот, апартмани, соби, викендички, како на пример,  на Тиквешко езеро и друг имот од рекреативен карактер. Истото важи и за физичките лица што ивршуваат стопанска дејност од времен карактер како продавачи на производи на подвижни штандови. Се мисли на продажба на бижутерија, рачна изработка, крофни, пуканки, изработка на торти и слично. Тие што на ваков начин стекнуваат приход, да се запознаат со правата и обврските, изјави за МИА  Мухедин Авдиќ, раководител на сектор за услуги на даночни обврзници и даноци. 

Тој нагласи дека целта е да се подигне свеста за доброволно усогласување на обврските. 

- Сами да пријават и платат соодветно што треба, согласно на законските одредби. Ова се таканаречени меки мерки на УЈП. Тука сме да потсетиме, да имаме партнерски мерки со даночните обврзници. Дел од нив добиваат решенија за работа од општината и ги задолжуваме. Тие вторите сакаме да ги опфатиме, тие што не фигурираат никаде а остваруваат приход, да не бидат нелојална конкуренција на пазарот, подвлече Авдиќ.

Засега, додаде тој, се оди само на потсетување за правата и обврските. Доколку ваквите потсетувања не вродат со плод, па ваквите приходи и понатаму останат неоданочени, во иднина ќе следат контроли на терен. Со единствена цел, законите да важат за сите. свд/дма/


Фото : МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан