• вторник, 24 декември 2024

Физичка пресметка на повеќе затвореници во КПУ Затвор Идризово – двајца пренесени во „Мајка Тереза“ со повреди од остар предмет

Физичка пресметка на повеќе затвореници во КПУ Затвор Идризово – двајца пренесени во „Мајка Тереза“ со повреди од остар предмет

Скопје, 27 јуни 2024 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден се случила физичка пресметка помеѓу повеќе затвореници во КПУ Затвор Идризово, при што три лица се здобиле со повреди, од кои двајца биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ од повреди со остар предмет.

Како што информираат од МВР, во затвореното амбулантно одделение во установата бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу повеќе осудени лица.

– На 26.06.2024 во 13.10 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Идризово било пријавено дека околу 10.30 часот во затвореното амбулантно одделение во установата бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу повеќе осудени лица, при што со повреди се здобил Е.М.(26), додека С.Д.(43) и С.М.(29) се здобиле со повреди од остар предмет, по што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението на МВР. ра/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан