Фидан и Сибиха во Анталија разговараа за завршување на конфликтот меѓу Русија и Украина
- Според турското Министерство за надворешни работи, двајцата разговарале за напорите за завршување на војната во Украина и подготовките за посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Турција,
Анталија, 14 мај 2025 (МИА) – Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан и неговиот украински колега Андриј Сибиха денеска во Анталија разговараа за можностите за прекин на конфликтот и воспоставување траен мир меѓу Русија и Украина, јави интернет страницата „Хаберлер“.
Фидан и Сибиха се сретнаа денес во Анталија во рамките на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на Северноатлантскиот договор (НАТО).
Според турското Министерство за надворешни работи, двајцата разговарале за напорите за завршување на војната во Украина и подготовките за посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Турција, при што Фидан ја нагласил подготвеноста на Анкара да посредува и да обезбеди каква било помош за постигнување прекин на огнот меѓу Русија и Украина.
Британските медиуми јавија дека по состанокот, Сибиха изјави дека имал „длабински разговор со својот турски колега во врска со напредокот во мировниот процес и напорите за завршување на војната“.сд/
фото:ЕПА