• недела, 22 декември 2024

Фетаи и Таравари на средба со албанскиот претседател Бегај: Изградбата на Коридорот 8 придонесува за поголема сигурност и одржлив развој

Фетаи и Таравари на средба со албанскиот претседател Бегај: Изградбата на Коридорот 8 придонесува за поголема сигурност и одржлив развој

Скопје, 21 ноември 2024 (МИА) - Заменик претседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи и министерот за здравство, Арбен Таравари, денеска во Тирана имаа средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.

Како што соопшти Кабинет на заменик претседателот на Владата задолжен за добро владеење, Фетаи и Таравари му честитале на Бегај за отпочнувањето на преговорите на Албанија за членство со Европската Унија и изразиле надеж дека и Северна Македонија наскоро ќе се приклучи на тој пат, кој е од пресудно значење за двете земји.

-На средбата се разговараше за важноста за зголемување на меѓусебната соработка, посебно во области од заеднички интерес. Фокусот беше ставен на побрзата реализација на Коридорот 8, кој ќе придонесе за заедничка сигурност, потикнување на одржливиот развој и забрзување на европската интерграција, се наведува во соопштението. ев/цр

ФОТО: Кабинет на заменик претседателот на Владата задолжен за добро владеење

 

 

Остани поврзан