• вторник, 24 декември 2024

Фестивал на мали локални производители на пиво

Фестивал на мали локални производители на пиво

Скопје, 28 јуни 2024 (МИА) - Љубителите на пиво од денеска до недела во рамки на Фестивалот на домашни пива, што ќе се одржува во Скопје, ќе имаат можност да пробаат уникатни пивски вкусови произведени од локалните домашни производители на пиво.

На тридневниот фестивал малите локални производители ќе ги презентираат своите оригинални пива, а пивските ентузијасти покрај дегустацијата, ќе можат да се запознаат и со процесот на нивно создавање.

Своите пивски производи ќе ги претстават Пиво Лабс, БАК, Курај биер, Белеза и Сакампиво.мк, а покрај македонските производители, како што е најавено, својата палета на пива ќе ја презентира и една од најстарите и најпознати пивари од Холандија, Бавариа.

- Овој несекојдневен настан во организација на Diamond Mall има за цел да ги поддржи и промовира малите производители на пиво и нивниот талент и знаење за производство на овој исклучително популарен пијалак, особено во летните месеци. Посетителите ќе имаат можност да ги откријат приказните што стојат зад пивата произведени во мали количини, кои не се достапни за широка потрошувачка, велат организаторите.

Освен во атрактивните пивски брендови, посетителите ќе уживаат и во деликатеси од зреено месо и продукти на производителот на месни преработки „Гавриловски“. бак/

Фото: Плакат

Остани поврзан