• сабота, 23 ноември 2024

Фестивал на книга на отворено во Скопје, присутни 30 домашни издавачки куќи

Фестивал на книга на отворено во Скопје, присутни 30 домашни издавачки куќи
Скопје, 9 септември 2022 (МИА) - Во поинаква и убава атмосфера се отвори годинешното прво издание на Фестивалот на книгата, кој почна на 7 септември и ќе трае до 12 септември. Присутни се 30-тина домашни издавачки куќи, соопштија организаторите. Фестивалот е на отворено, а издавачите се сместени во штандови под шатори, целото светло навечер е со амбиентални сијалички. Предвидено е катче за читање, а за посетителите има и кафе бар и мексиканска храна каде можат да се релаксираат. Мотото на фестивалот е „Скопје чита!”, а како што е најавено, се очекуваат посетители во што е можно поголем број да дојдат и да си купат книга. Фестивалот претставува своевидно продолжување на традиционалниот пролетен Саем на книгата, но овој пат на отворено, проследено со музичка програма со DJ Џон Антонио и DJ Брус во попладневните часови. Фестивалот се наоѓа на отворениот простор во комплексот на СЦ „Борис Трајковски“. бт/ац/

Остани поврзан