• среда, 25 декември 2024

Фестивалот на светлината во Загреб годинава по петти пат

Фестивалот на светлината во Загреб годинава по петти пат

Загреб, 8 март 2023 (МИА) - Во Загреб годинава ќе се одржи петтото издание на веќе познатиот Фестивал на светлината, со којшто загрепчани симболично ја дочекуваат пролетта и подолгите и потопли денови. Отворањето е закажано за следната среда, 15 март, во 19 часот, кога на летната сцена „Тушканац“ ќе се одржи првото ласерско шоу.

Фестивалот ќе трае до 19 март, секој ден од 18 до 23 часот, а посетителите ќе можe да посетат 33 атракции на вкупно 28 места во главниот град на Хрватска. Влезот за сите знаменитости е бесплатен. Некои од можеби најпопуларните се Музејот „Мимара“, Хрватскиот народен театар, кулата „Лотршчак“ и црквата Св. Катарина. На многу од предвидените места за посета, лесната уметност ќе биде придружена и со музика и танц.

- По минатогодишното проширување на локациите на Фестивалот на светлината во Загреб, годинешното издание повторно го вклучува Долниот град, каде вклучивме и нови знаменитости за да им олесниме на сите при посетата и да се намали гужвата, изјави директорката на Фестивалот, Мартина Бјененфелд.

Последна од новите локации е паркот „Опатовина“, каде што ќе биде поставена мултимедијална светлечка инсталација „Симетрично танцување“, којашто комбинира музика, танц и сликање, со цел - движење и уживање во пролетта.

„Новина е меѓународна соработка со уметници од Франција, чии инсталации ќе бидат на четири локации... Како и од Италија и Холандија. Ме радува и хрватската посета од Шибеник, а повторно ни се придружија уметници од Берлин“, велат организаторите.

Тие напоменуваат дека при поставувањето на Фестивалот се води сметка загадувањето од светлината да биде сведено на минимум и временски ограничено со цел - најмало можно влијание врз луѓето и природната средина во целост.  си/

Остани поврзан