• петок, 05 декември 2025

Фенербахче го победи Монако и ја освои Евролигата по втор пат во историјата

Фенербахче го победи Монако и ја освои Евролигата по втор пат во историјата

Абу Даби, 25 мај 2025 (МИА) - Фенербахче вечерва во Абу Даби го победи Монако во финалето на Евролигата со 81:70.

Најефикасен кошаркар на средбата беше напаѓачот на турскиот тим Најџел Хејс, кој постигна 23 поени.

Фенербахче по втор пат во историјата стана шампион на Европа. Тимот претходно ја освои титулата во 2017 година.

Во поразениот тим Дијало постигна 19, Џејмс 17 поени.

Во мечот за третото место, Олимпијакос беше подобра од Панатинаико со 97:93. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан