• среда, 25 декември 2024

„Фенг шуи“ за огледалото во спалната соба

„Фенг шуи“ за огледалото во спалната соба

Скопје, 24 декември 2024 (МИА) - Огледалата, се вели, се исклучително корисни во домот, меѓу другото, и зашто влијаат на осветлувањето на просторијата, правејќи ја така и визуелно поголема. Сепак, според „Фенг шуи“ филозофијата, поставувањето огледало во спалната соба може да има негативни ефекти.

Имено, повеќето познавачи на распоредот во секојдневниот животен простор, огледалото не е „целосно забрането“, сѐ додека правилно не го поставите во спалната, пренесува порталот „Кликс“.

За да се создаде добра енергија и заради помирен сон, има неколку правила, односно начини на поставување на огледалото. Пред сѐ, користете го за да ја рефлектира позитивната енергија. Огледалото се смета за моќна алатка во „Фенг шуи“, бидејќи треба да ја поттикнува и умножува енергијата на просторијата. Ако огледалото, на пр. рефлектира неред, тоа може да ја умножи негативната енергија. Обратно, огледалото што одразува позитивна слика може да ја зголеми Вашата среќа, напредок и благосостојба, според оваа филозофија.

Поставете го огледалото во спалната соба, така што, на пр., ќе ги прикажува живите растенија во или вон таа просторија. На овој начин, се вели, тоа ќе поттикне личен раст и добри односи.

Користете го огледалото и за „да ја поправите“ положбата на креветот. Во спалната, поставеноста на креветот е особено важна, според „Фенг шуи“ - во однос одморот и релаксирањето. Поставете го леглото во центарот на просторијата, и ако е можно - прилепен до потпорниот ѕид.

Ако, сепак, тоа не е можно, огледалото може да ја поправи таа состојба.

Огледалото, воопшто, може да послужи и за насочување на другите елементи на „Фенг шуи“. Самото огледало е поврзано со елементот „вода“, но може да се додадат и други „Фенг шуи“ елементи во собата - со користење различни облици на рамка. Заоблените форми, на пр., претставуваат јасност на мислата и среќата. Натаму, квадратите и правоаголниците го истакнуваат елементот за самопомош, а триаголните огледала, иако малку поретки, можат да додадат друг поглед на просторијата, а го олицетворуваат огнениот елемент за инспирација и страст.

Кои се местата во спалната соба каде што не се препорачуваат огледала?

„Фенг шуи“ филозофијата вели дека поради неговите моќни својства, треба да се биде внимателен со огледалото во спалната соба. Всушност, некои познавачи веруваат дека тоа е поврзано и со кревкиот сон и со кошмарите.

Така, огледалото, обично, не се поставува спроти креветот, но ниту на таванот над креветот, за да не Ви го наруши сонот.

Покрај тоа, исклучително важно е да се избегнуваат скршени или напукнати стакла. Се вели и дека скршените, непоправени предмети придонесуваат за негативна енергија, па и дека ја блокираат позитивната енергија во просторијата.  си/ссм/

Фото: Пиксабеј

Остани поврзан