• вторник, 24 декември 2024

Фезер во Тунис на разговори за миграцијата

Фезер во Тунис на разговори за миграцијата

Тунис, 19 јуни 2023 (МИА) - Тероризмот и миграцијата се на врвот на агендата на денешните разговори меѓу германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер и претседателот на Тунис Каис Саид, како и министерот за внатрешни работи Камел Феких, јави ДПА.

Фезер вели дека сака да ја олесни депортацијата во северноафриканската земја, но и да создаде повеќе можности за туниските работници да мигрираат во Германија.

Фезер е втор ден од официјалната посета на Тунис со нејзиниот француски колега Жералд Дарманин.

Тунис во моментов е една од најважните транзитни земји за нерегуларните мигранти кои патуваат до Италија со небезбедни чамци. Во првите пет месеци од годинава околу 26 илјади луѓе го преживеале опасното преминување преку Медитеранот, јави ДПА. мс/сд/

фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан