Федерер излегува од Топ 10 за прв пат од јануари 2017 година
- Полскиот тенисер Хуберт Хуркач во третото коло од Мастерсот во Индијан Велс го победи Френсис Тиафу со 6:3 и 6:2. Поради оваа победа, Хуркач ќе го престигне Рожер Федерер на АТП ранг-листата

Индијан Велс, 12 октомври 2021 (МИА) – Полскиот тенисер Хуберт Хуркач во третото коло од Мастерсот во Индијан Велс го победи Френсис Тиафу со 6:3 и 6:2. Поради оваа победа, Хуркач ќе го престигне Рожер Федерер на АТП ранг-листата.
Дваесеткратниот грен слем шампион дефинитивно ќе ги напушти најдобрите 10 тенисери на светот следната недела.
Последен пат Федерер не беше меѓу првите десет на ранг-листата пред Австралија Опен-2017. Тогаш Швајцарецот кој го освои Грен слемот во Мелбурн како 17-ти рекет во светот.
Четириесетгодишниот Фередер од понеделник ќе падне на најмалку 11. место. зс/
зс