• вторник, 24 декември 2024

ФБИ: Иран и Русија се мешаат во претседателските избори во САД

ФБИ: Иран и Русија се мешаат во претседателските избори во САД
Вашингтон, 22 септември 2020 (МИА) - Иран и Русија собраа податоци од американски гласачи за да влијаат на претстојните претседателски избори во Соединетите Американски Држави, соопшти денеска ФБИ, додавајќи дека Техеран е одговорен за испраќање заканувачки електронски пораки до демократските гласачи. Директорот на Националната разузнавачка служба Џон Ретклиф и директорот на ФБИ Крис Вреј на прес-конференција рекоа дека САД ќе одговорат на која било земја што ќе се обиде да се меша во изборите. Ретклиф прецизира дека целта на иранските „лажни електронски пораки“, кои наводно ги испраќала крајно десничарската група на приврзаници на Доналд Трамп, „Горди момчиња“, е да предизвикаат немири и да му наштетат на сегашниот претседател, пренесува Би-Би-Си. Тој додаде дека податоците може да се искористат за да се пренесе погрешна порака до регистрираните гласачи, што испраќачите се надеваат дека ќе предизвикаат конфузија и хаос и ќе ја нарушат довербата во американската демократија. Ретклиф рече дека не биле забележани слични активности од Русија, но дека тие биле свесни дека и Москва имала информации за гласачите. - Ова се очајни потези на очајни непријатели, рече Ретклиф. Како што пренесуваат странските агенции, невообичаената прес-конференција на разузнавачките служби се одржа на помалку од две недели пред претседателските избори во САД, откако демократските гласачи во најмалку четири клучни држави добија заканувачки мејлови, за кои лажно се тврди дека доаѓаат од „Гордите момци“, во кои се предупредува дека ќе бидат прогонувани ако не гласаат за Трамп. Се верува дека во оваа операција биле користени е-маил адреси од регистарот на гласачи, кои вклучуваат определеност, домашна и е-маил адреса и телефонски број. Испраќачите тврдат дека ќе знаат за кој кандидат гласал примателот на изборите на 3 ноември, за кои веќе почна гласањето по пошта. Би-Би-Си оценува дека одржувањето на прес-конференцијата е доказ дека Владата е загрижена поради мешањето и кампањите за ширење дезинформации од странски земји на претстојните избори. паг/

Остани поврзан