• среда, 25 декември 2024

ФБИ го идентификува напаѓачот на Трамп (ДПЛ)

ФБИ го идентификува напаѓачот на Трамп (ДПЛ)

Вашингтон, 14 јули 2024 (МИА) – Американското Федерално истражно биро (ФБИ) го откри идентитетот на лицето кое пукаше врз поранешниот претседател Доналд Трамп на предизборен митинг во Батлер, Пенсилванија.

- ФБИ го идентификува 20-годишниот Томас Метју Крукс, од Бетал Парк, Пенсилванија, како човек вмешан во обид за убиство на поранешниот претседател Доналд Трамп на 13 јули во Батглер, Пенсилванија, се наведува во соопштението на ФБИ.

Крукс бил регистриран републиканец, но претходно дал мала донација на група поврзана со Демократската партија. Тој на престојните претседателски избори првпат би гласал.

Си-ен-ен синоќа побара коментар од таткото на осомничениот и елиминиран атентатор, Метју Крукс. 

Тој истакна дека се обидува да сфати што се случува и оти ќе почека да разговара со властите, па потоа јавно ќе зборува за неговиот син. ми/

фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан