• вторник, 24 декември 2024

ФА на Англија со остра санкција за Нотингем

ФА на Англија со остра санкција за Нотингем

Нотингем, 11 октомври 2024 (МИА) - Англискиот тим Нотингем Форест беше казнет со 750.000 фунти поради коментарите против судијата Стјуарт Атвел дадени во април. Независната регулаторна комисија оцени дека обвинувањето на Фудбалската асоцијација е легитимно.

-Нашето трпение е тестирано многу пати. Не можеме да прифатиме некои одлуки, изјавија од Нотингем по поразот од Евертон со 2:0 минатата пролет.

Од клубот од Ист Мидлендс засега не сакаа да ја коментираат санкцијата.

Фудбалската асоцијација ќе продолжи да ги следи изјавите на Нотингем Форест во врска со судиите во Премиер лигата, додадоа оттаму. дс

Фото: Архива

Остани поврзан