• сабота, 31 август 2024

Фаучи ги охрабрува Американците да се вакцинираат

Фаучи ги охрабрува Американците да се вакцинираат
Вашингтон, 28 февруари 2021 (МИА) - Водечкиот американски експерт за заразни болести Ентони Фаучи, денеска повторно ги повика Американците да се вакцинираат против Ковид-19, со каква било вакцина што им е достапна, вклучувајќи ја и штотуку одобрената на компанија „Џонсон и Џонсон“. - Сите три се навистина добри и луѓето треба да се вакцинираат со онаа што им е најдостапна, рече Фаучи. - Ако одите и ја имате на располагање вакцината на Џонсон и Џонсон  - јас би се вакцинирал, изјави Фаучи за програмата Мит д Прес на Ен Би Си. Во САД се одобрени вакцините Фајзер/Бионтек, Модерна и Џонсон и Џонсон. ссм/

Остани поврзан