Меџити се сретна со Хилари Клинтон на COP28 во Дубаи
- Министерот за здравство Фатмир Меџити во рамки на 28-та Конференција на Обединетите нации за климатски промени - COP28 во Дубаи остварил средба со поранешната државна секретарка на Соединетите Американски Држави Хилари Клинтон, соопшти Министерството за здравство.

Скопје, 5 декември 2023 (МИА) - Министерот за здравство Фатмир Меџити во рамки на 28-та Конференција на Обединетите нации за климатски промени - COP28 во Дубаи остварил средба со поранешната државна секретарка на Соединетите Американски Држави Хилари Клинтон, соопшти Министерството за здравство.
-Чест ми е што имав можност да остварам кратка средба и да размениме мислења со почитуваната Хилари Клинтон, поранешна државна секретарка на САД, ценета дипломатка и политичарка со големо искуство. Оваа конференција е одлична можност за размена на позитивни практики и искуства, како и заедничка акција на активностите и пристапот на климатските промени, истакнал министерот Меџити.
На COP28 присуствуваат над 100 земји од светот, а целта е унифицирање на пристапот на климатските промени на глобално ниво. дма/са/
Фото: Министерство за здравство