Фати надвор од терените еден месец поради повреда
- Фудбалерот на Барселона, Ансу Фати, заработи повреда на задниот бутен мускул на десната нога за време на денешниот тренинг.

Барселона, 13 ноември 2024 (МИА) - Фудбалерот на Барселона, Ансу Фати, заработи повреда на задниот бутен мускул на десната нога за време на денешниот тренинг.
-Напаѓачот ќе пропушти приближно четири недели, се вели во соопштението на каталонскиот клуб.
Ова е втора повреда на 22-годишниот Фати оваа сезона. Во јули, фудбалерот го повреди стапалото, поради што го пропушти почетокот на сезоната.
Оваа сезона Фати одигра 4 натпревари во Ла Лига и нема постигнато гол. зс/
Фото: ЕПА