Фатиќ и Кларк финалисти на Macedonian Open 2025
- Нермин Фатиќ и Џеј Кларк се финалисти на годинашново издание на Macedonian Open 2025, откако во денешните полуфинални мечеви забележаа победи.

Скопје, 23 мај 2025 (МИА) - Нермин Фатиќ и Џеј Кларк се финалисти на годинашново издание на Macedonian Open 2025, откако во денешните полуфинални мечеви забележаа победи.
Фатиќ во меч во три сета го совлада осмиот носител Мили Пољичак од Хрватска со 2-1 (6:4, 5:7 и 6:4) по речиси три часа игра, додека Џеј Кларк го совлада првиот носител Хуго Делиен од Боливија со 2-0 во сетови (7:6(4) и 6:3.
Фатиќ и Пољичак на Централниот терен беа три часа и одиграа меч со многу пресврти. Во првиот сет имаше само еден брејк во третиот гем од сетот кога Фатиќ поведе со 2:1 и предноста ја зачува до крајот на сетот. Во вториот сет Пољичак направи три брејка, а Фатиќ со тоа што хрватскиот тенисер постојано имаше водство. Во решавачкиот сет Пољичак поведе со 3:1 откако направи брејк, но ривалот во следниот гем ја искористи дури шетата брејк топка и намали на 3:2 и да го врати загубениот гем на сервис. Во деветтиот гем Фатиќ направи уште еден брејк за предност која ја материјализираше и сетот го доби со 6:4, а со тоа и мечот. Успехот на Фатиќ е огоромен ако се знае дека турнирот го почна од квалификациите.
Во првото полуфинале Британецот Џеј Кларк го совлада првиот носител Делиен.
Утрешното финале меѓу Кларк – Фатиќ почнува во 10 часот и се игра на Централниот терен. Победникот на турнирот ќе освои 75 поени и 12.980 евра, а финалистот 44 поени. зс/
Фото: ТФМ/ Игор Пановски