• среда, 25 декември 2024

ФАО: Производството на храна загрозено од природните катастрофи

ФАО: Производството на храна загрозено од природните катастрофи
Рим, 18 март 2021 (МИА) - Зголемениот број на природни катастрофи го загрозуваат системот за производство на храна на планетата, предупреди денеска Организацијата на Обединети нации за земјоделство и храна (ФАО) и ја повика меѓународната заедница да инвестира повеќе за да ги намали ризиците и да ги направи земјоделските системи „поотпорни“. Во извештајот на ФАО се наведува дека поради сушите, поплавите, бурите, цунамите, шумските пожари, инвазиите на штетници, епидемиите земјоделството плаќа висока цена во сите сектори. - Во земјите со ниски и средни примања земјоделството апсорбираше една-четвртина (26 проценти) од последиците од катастрофите помеѓу 2008 и 2018 година, изјави претставникот на ФАО за итни случаи, Доминик Биржон. Тој додаде дека во тој период е забележана загуба од 108,5 милијарди долари во производството на сточна храна. Овие економски загуби можат да имаат разорно влијание врз животот на луѓето. Повеќе од две милијарди луѓе зависат од земјоделството, посочи Биржон. По една деценија природни катастрофи, глобално затоплување, топење на глечерите и зголемување на нивото на морето, минатата година беше обележана со пандемијата на Ковид-19, што ги наруши синџирите за производство на храна, бидејќи во некои региони имаше рекордни поплави, а скакулците уништија посеви и пасиштата во неколку африкански, арапски и земји во Југоисточна Азија. ми/

Остани поврзан