• среда, 25 декември 2024

Фалкао е блиску до продолжување на договорот со Рајо Ваљекано

Фалкао е блиску до продолжување на договорот со Рајо Ваљекано
Мадрид, 11 ноември 2021 (МИА) – Фудбалерот на Рајо Ваљекано, Радамел Фалкао е блиску до продолжување на договорот со клубот, објави „COPE“. Според шпанскиот медиум, во блиска иднина 35-годишниот Колумбиец треба да склучи договор до 2023 година. Актуелниот договор на фудбалерот  е со важност до крајот на јуни 2022 година. Фалкао му се приклучи на Рајо Ваљекано во летото 2021 година. Во тековната сезона има постигнато пет гола во настапи. зс/

Остани поврзан