Фабрегас нема планови за Деле Али: Во моментов само тренира со нас
- Тренерот на Комо, Цеск Фабрегас, ја разјасни ситуацијата со поранешниот играч на Тотенхем и Евертон, Деле Али.
Комо, 29 декември 2024 (МИА) - Тренерот на Комо, Цеск Фабрегас, ја разјасни ситуацијата со поранешниот играч на Тотенхем и Евертон, Деле Али.
Поранешниот англиски репрезентативец веќе неколку недели тренира со дебитантот во Серија „А“, а уште тогаш беше јасно дека италијанскиот тим само ќе му помогне на Али да се подготви, но не и да го внесе во тимот.
-Во моментов тој тренира со нас, Деле се чувствува добро. Тој е прекрасен играч. Ако можеме да му помогнеме, ние сме повеќе од среќни. Во моментов тој тренира само со нас, изјави Фабрегас.
Се очекува Сеск Фабрегас да ја процени состојбата на Деле Али во наредните недели.
Фудбалерот е без клуб од јули 2024 година кога му истече договорот со Евертон. Инаку, Деле Али нема настап на официјален натпревар од 26 февруари 2023 година кога учествуваше во ремито 0:0 на Бешикташ со Анталијаспор. дс
Фото: Архива