Фабрегас го напуши Монако
- Прес-службата на Монако објави дека играчот од средниот ред Сеск Фабрегас го напушти клубот. На играчот му истече договорот со францускиот клуб.

Монте Карло, 18 јуни 2022 (МИА) - Прес-службата на Монако објави дека играчот од средниот ред Сеск Фабрегас го напушти клубот. На играчот му истече договорот со францускиот клуб.
Триесет и петгодишниот Шпанец настапува за Монако од јануари 2019 година. Минатата сезона учествуваше во два натпревари од француската Лига 1 и не забележа ефективни акции.
Вкупно Фабрегас има 68 натпревари за „монегаските“, четири гола и девет асистенции.
Претходно беше објавено дека Фабрегас летово најавил пензионирање. зс/