• петок, 08 ноември 2024

У20: Македонските кошаркарки поразени во четвртфиналето на ЕП

У20: Македонските кошаркарки поразени во четвртфиналето на ЕП
Скопје, 15 јули 2022 (МИА) – Македонската женска кошаркарска репрезентација до 20 години не успеа да обезбеди пласман меѓу четирите најдобри селекции на Европското првенство Б-дивизија кое се одржува во Скопје, откако вечерва загуби во четвртфиналето од Словенија со 63-36 (28-15). Избраничките на селекторот Јелена Антиќ беа резултатски инфериорни во натпреварот и на крајот претрпеа висок пораз. Словенките заминаа на полувреме со предност од 13 кошеви која во вториот дел само ја зголемија и заслужено се пласираа во полуфиналето на ЕП во Скопје. ег/аа/

Остани поврзан