• понеделник, 23 декември 2024

У19: Македонските футсалци на силен меѓународен турнир во Хрватска

У19: Македонските футсалци на силен меѓународен турнир во Хрватска

 

Скопје, 28 март 2024 (МИА) – Младата македонска футсал репрезентација од 1. до 7. април ќе учествува на силниот меѓународен турнир „Истра Куп 2024“, кој ќе се одржи во хрватскиот град Умаг.

Македонските млади футсал играчи се во групата Б заедно со селекциите на Словенија, домаќинот Хрватска и репрезентацијата на САД до 18 години.

Групата А ја сочинуваат Франција, Словачка, САД до 19 години и Црна Гора.

Македонските футсалци во првото коло ќе се соочат со Словенија, во второто со Хрватска и во последното коло со САД до 18 години во рамките на третото коло од турнирот.

Селекторот на младата футсал репрезентација на Македонија до 19 години Зоран Лекиќ за претстојниот меѓународен турнир „Истра Куп 2024“ повика 14 играчи. ег ФОТО: ФФМ

Остани поврзан