• понеделник, 10 март 2025

Уљанов: Трамп оди предалеку со повикот за целосна денуклеаризација на САД, Русија и Кина

Уљанов: Трамп оди предалеку со повикот за целосна денуклеаризација на САД, Русија и Кина

Москва, 7 март 2025 (МИА) - Постојаниот претставник на Руската Федерација во меѓународните организации во Виена, Михаил Улјанов, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп претерува кога зборува за целосно уништување на нуклеарниот арсенал на САД, Русија и Кина, бидејќи тоа во моментов „не е реално“.

-Како што разбрав од говорот на Трамп, тој зборуваше за речиси целосно уништување на нуклеарниот арсенал. Во оваа фаза не станува збор за тоа. Но намалувањата, како и мерките за контрола на оружјето се сосема разбирливи, рече Уљанов во интервју за каналот „Русија-24“, коментирајќи го предлогот на Трамп за денуклеаризација на САД, Русија и Кина.

Откако ја презеде функцијата на 20 јануари, Трамп постојано јавно ја навестуваше својата желба да започне разговори со Русија и Кина за дополнително ограничување и намалување на нуклеарното оружје, но сè уште не презентирал конкретни иницијативи, пренесуваат руските медиуми.

Се очекува Москва и Вашингтон да одлучат дали ќе преговараат за нов договор за замена на Договорот за намалување и ограничување на стратешкото офанзивно оружје (СТАРТ), што истекува во 2026 година.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан