• понеделник, 23 декември 2024

УЈП: На ЕГЗИТ и на Тиквешки гроздобер пет даночни обврзници не издавале фискални сметки

УЈП: На ЕГЗИТ и на Тиквешки гроздобер пет даночни обврзници не издавале фискални сметки

Скопје, 10 септември 2024 (МИА) - Управата за јавни приходи и овој месец ги продолжува контролите за даночна усогласеност и кај објектите на отворено.

- Изминатиот продолжен викенд УЈП направи 20 контроли кај деловни субјекти кои продавале производи и услуги на отворено, односно на манифестациите  „Егзит" во Струмица и „Тиквешки Гроздобер" во Кавадарци. Од извршените контроли, кај пет даночни обврзници утврдени се неправилности кои се однесуваат на неиздавање фискални сметки и неводење книга за дневен финансиски извештај, соопшти УЈП. 

Управата за јавни приходи, како што се наведува во соопштението, пред одржување настани на отворено одржува работни средби со учесниците кои закупиле штандови на настаните и им посочува на почитување и усогласување со даночните закони.

Работните средби со исто темпо, велат оттаму, продолжуваат и понатаму. ев/аа/

ФОТО: Архива 

Остани поврзан