• вторник, 24 декември 2024

УЈП: Даночните обврзници да платат ДДВ во законскиот рок, по доставените опомени ќе пристапи кон присилна наплата на долгот

УЈП: Даночните обврзници да платат ДДВ во законскиот рок, по доставените опомени ќе пристапи кон присилна наплата на долгот

Скопје, 31 јули 2024 (МИА) - Управата за јавни приходи по сумирани податоци од обработката на ДДВ пријавите информира дека ДДВ долг за јуни пријавиле 4,030 месечни даночни обврзници во вкупен износ од 3,168,673,344 ден. За кварталот април-јуни пријавиле 16.534 тримесечни даночни обврзници во вкупен износ од 1,982,960,788 ден.

Од УЈП ги повикуваме останатите 1,277  месечни обврзници, кои имаат долг од 817,061,527 денари, и 7,661 тримесечни обврзници,  кои не го платиле својот ДДВ долг во износ од 967,855,467 денари,  тоа да го сторат веднаш.

- Управата за јавни приходи по доставените опомени ќе пристапи кон присилна наплата на долгот согласно законските надлежности. За секој ден задоцнето плаќање се пресметува камата од 0,03% од преостанатиот долг, се наведува во денешното соопштение од УЈП. цр/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан