Уште една шампионска титула за ТК Југ
- Југ во дуелот за првото место го совладаа конкурентот Поинтер со 4:1
Скопје, 4.јули 2025 (МИА) - Тенисерите на Југ освоија уште една шампионска титула. Тие денеска во дуелот за првото место го совладаа конкурентот Поинтер со 4:1.
Југ во првите две кола постигна максимални победи од 7:0 против ТК Тумба (прво коло) и ТК МТП (второ коло).
Оваа година за ТК Југ на мечевите од лигата настапија Дејвис куп репрезентативците на Македонија Стефан Мицов, Берк Бугариќ и Кристијан Јанев, а во составот беа уште и Дарко Колевски, Томислав Јотовски и Димитар Грабул.
Конечна табела: Југ 3-0 (победи-порази); Поинтер 2-1, МТП 1-2 и Тумба 0-3. мн/
Фото: МТФ