• вторник, 24 декември 2024

Уште една обвинета призна вина за „Двојник“, седум од вкупно 11 обвинети

Уште една обвинета призна вина за „Двојник“, седум од вкупно 11 обвинети
Скопје, 7 мај 2021 (МИА) - Уште една од обвинетите вработени во МВР за издавањето на пасоши за случајот „Двојник“ призна вина на денешното рочиште пред Основниот кривичен суд во Скопје. На прашање од Судот дали го разбира делото кое и се става на товар и дали се чувствува виновна, обвинетата Оливера Софрониевска одговори со „да“. Софрониевска, се гони за кривично дело „злоупотреба на службената положба" за кое е предвидено максимална казна затвор до три години. По признанието на вина, Судот ја раздвои постапката за останатите обвинети Фарук Буки, Весна Колевска и Бранислава Владичевска. Претходно денеска вина призна и Шемседин Јашари, на кого судот му изрече казна затвор од година и седум месеци. Судот на првото рочиште ги прогласи за виновни за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување четворицата вработени во МВР, кои признаа вина и им одреди казни затвор и тоа: казна затвор од две години и седум месеци и забрана за вршење дејност и должност од десет години за обвинетиот Денис Баруфи, казна затвор од две години и три месеци и забрана за вршење дејност и должност од десет години на Ален Личина, на Ѓорѓе Велков казна затвор од две години и мерка забрана за вршење дејност и должност десет години, додека на Фарук Биља, му одреди алтернатива мерка условна осуда од шест месеци, која нема да се изврши ако обвинетиот во рок од две години не го повтори делото, како и забрана за вршење дејност и должност во период од три години. Судот на Раиф Мифтари, кој исто така, призна вина му одреди казна затвор од две години и три месеци за кривично дело поттикнување. Случајот го води судијката Оља Ристевска, а застапник на обвинението е Спасенка Андонова. Според обвинението за случајот „Двојник“, во периодот од јуни 2017 до крајот на 2020 година, биле издадени пасоши на 214 странски и еден македонски државјанин. аа/дма/

Остани поврзан