• сабота, 23 ноември 2024

Училиштата во Грција ќе се отворат регуларно на 10 јануари, но со построги протоколи

Училиштата во Грција ќе се отворат регуларно на 10 јануари, но со построги протоколи
Атина, 4 јануари 2022 (МИА) – Со задолжителни маски, задолжителни селф тестови за сите и под построги протоколи, учениците во Грција од понеделник се враќаат во училишните клупи, а второто полугодие ќе започне регуларно, без одлагање, јави дописничката на МИА од Атина. Министерката за образование на Грција Ники Керамеос, попладнево ги соопшти одлуките на Владата, по доибиените препораки на надлежната комисија на епидемиолози. Поконкретно, и понатаму ќе бидат задолжителни два селф теста седмично, односно тестови за домашна употреба кои учениците ги добиваат бесплатно, но сега, освен за невакцинираните, ќе важат и за вакцинираните ученици и наставници или професори Дополнително, за време на првата седмица од отворањето на училиштата,  учениците ќе добијат еден тест плус. Промени има во протоколите во однос на потврден случај и нема да се тестираат само децата кои седат во близина на заразениот ученик, туку ќе се тестира целото одделение/клас. Невакцинираните ученици ќе се тестираат секој ден, пет дена, со бесплатни два рапид и еден селф тест, како и двата селф тестови што и онака им следуваат, додека пак вакцинираните ученици ќе се тестираат со три селф тестови. Истите правила ќе важат и за евентуален потврден случај на Ковид-19 кај просветните работници.ср/

Остани поврзан