• среда, 25 декември 2024

Учество на Николоски, Реџепи и Заев на Делфи форумот во Грција

Учество на Николоски, Реџепи и Заев на Делфи форумот во Грција

Атина, 28 април 2023 (МИА) – Заменик-министерот за финансии Филип Николоски, извршниот директор на Номагас Бајрам Реџепи и поранешниот премиер Зоран Заев, на одвоени панел дискусии, денеска ќе учествуваат на осмиот Делфи економски форум во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Заменик-министерот Николоски ќе дискутира за зајакнувањето на иницијативата Отворен Балкан, извршниот директор на Номагас за енергетската безбедност, додека пак поранешниот премиер Заев ќе учествува на панел дискусија за енергетиката заедно со надлежниот грчки министер Скрекас и бугарскиот вицепремиер Пеканов.

Голем дел од дискусиите во текот на денешниот ден се посветени на регионот, а во попладневните часови ќе учествуваат и претседателите на Кипар и Бугарија, како и премиерите на Албанија, Косово и домаќинот Грција.

Осмиот економски форум насловен „Paradigm Shifts“ што традиционално се одржува во грчкиот планински град со античко значење Делфи, започна во средата и ќе трае до утре, а е под покровителство на претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу. ср/вг/

Остани поврзан