• вторник, 26 ноември 2024

Ученици од четири гимназии во посета на МИА во рамки на Медиумскиот ден на ИКС

Ученици од четири гимназии во посета на МИА во рамки на Медиумскиот ден на ИКС
Скопје, 30 септември 2022 (МИА) - На својот 24-роденден, МИА денеска беше домаќин на ученици од средните училишта „28 Ноември” од Дебар, „Кочо Рацин” од Велес и „Зеф Љуш Марку” и „Никола Карев” од Скопје, кои ја посетија Агенцијата како дел од шестиот Медиумски ден што го организира Институтот за комуникациски студии (ИКС). Овогодишниот медиумски ден, ИКС го организира во рамки на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија - Користи факти”. Средношколците беа информирани за историјатот на МИА, работата на новинарите, начинот на кои функционираат редакциите, како се креираат медиумските содржини, но и како Агенцијата се справува со дезинформациите, почитувајќи ги професионалните новинарски стандарди, со што е предводник во борбата против непрофесионалното известување и лажните вести и важи за најверодостоен извор на вести од земјава. Проектот на ИКС, во кој од оваа година се вклучи и МИА, е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје. сп/бак/

Остани поврзан