Ученици од ОУ „Сами Фрашери“ во село Пирок учествуваа во вежба за евакуација во случај на закана од свлечиште
- По повод Меѓународниот ден за намалување на ризикот од катастрофи, 180 ученици од основното училиште „Сами Фрашери“ од село Пирок, општина Боговиње, денеска изведоа вежба на евакуација под за

Скопје, 13 октомври 2022 (МИА) - По повод Меѓународниот ден за намалување на ризикот од катастрофи, 180 ученици од основното училиште „Сами Фрашери“ од село Пирок во општина Боговиње, денеска учествуваа во вежба за евакуација во случај на закана од свлечиште како дел од проектот „Подобрување на отпорноста кон поплави во Полошкиот регион“, што е финансиран од Швајцарија и имплементиран од програмата за развој на Обединетите нации и Министерството за животна средина и просторно планирање.
Вежбата ја спроведе училиштето, кое е под закана од лизгање на земјиштето во непосредна близина, и таа вклучуваше справување со ризикот од катастрофа и евакуација на учениците и вработените, користење специјална опрема, мапи за евакуација, помагала, знаци, планови за евакуација, подготвени од проектниот тим.
