• среда, 21 јануари 2026

Учениците од ООУ „Панко Брашнаров“ во Башино Село го почнаа второто полугодие во целосно реконструирана зграда

Учениците од ООУ „Панко Брашнаров“ во Башино Село го почнаа второто полугодие во целосно реконструирана зграда

Велес, 20 јануари 2026 (МИА) - Утрово, во сите општински училишта во градот Велес и во селата непречено почна редовната настава од второто полугодие. Учениците од подрачното училиште на ООУ „Панко Брашнаров“ во Башино Село се вратија во училишните клупи во целосно реконструирана зграда, со значително подобрени услови за одвивање на наставата, информира градоначалникот Марко Колев.

Реконструкцијата на оваа училиште почна изминатото лето на крајот на минатата учебна година, а заврши кон крајот на декември лани. Средствата за реконструкција од над 3,5 милиони денари беа обезбедени од Владата преку Министертсвото за образование и наука.

- Децата се нашата иднина. На сите ученици и просветни работници им посакувам успешен почеток, многу здравје и достигнувања, што ќе им ги отворат патиштата кон нивните соништа - им порача Колев.ад/вј/

Фото: МИА архива

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан