• среда, 22 јануари 2025

Ученик од Прилеп се здобил со тешки повреди откако паднал од трети кат

Ученик од Прилеп се здобил со тешки повреди откако паднал од трети кат

Прилеп, 21 јануари 2025 (МИА) - Ученик од шесто одделение од прилепското основно училиште „Гоце Делчев“ во Прилеп вчера попладне паднал од трети кат и се здобил со тешки повреди. По укажаната прва помош, префрлен е на Детската хирургија во Скопје. 

Според началникот на Итната медицинска помош од Прилеп, Боше Милошески, биле повикани вчера во 14:40 часот, а 11-годишниот ученик бил во полусвесна состојба.

- Веднаш беше прфрлено на Одделот за анестезија во Прилепската болница. Од првичните прегледи се констатира дека има фрактури на едното стапало и сомнеж за скршеници на градните пршлени. Веднаш беше префрлено на лекување на Детската хирургија во Скопје, изјави Милошевски.

Директорот на Детската хирургија Лазо Јовчески за МИА информира дека детето е во стабилна состојба, вон животна опасност. 

Увид на местото на настанот направила полицијата околу 15 часот и се работи на расчитување на случајот. 

Од училишето најавија дека ќе се обратат преку сопштение. ем/бд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан