• петок, 05 декември 2025

УХМР: Следува период на суво и стабилно време со студени утра и магла во некои котлини

УХМР: Следува период на суво и стабилно време со студени утра и магла во некои котлини

Скопје, 27 октомври 2025 (МИА) - Под влијание на стабилна воздушна маса, следува период на суво и стабилно време.

Како што прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи, од утре утринската температура ќе се спушти под нулата, а во одредени котлини ќе има појава на магла. 

Врнежите што ја зафатија земјава, денеска попладне насекаде ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Во западните делови од државава до крајот на денов ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец, а во источните слаб ветер од променлив правец. хс/вј/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан