• вторник, 24 декември 2024

УХМР: Земјата зафатена од нестабилна воздушна маса претежно во западните делови

УХМР: Земјата зафатена од нестабилна воздушна маса претежно во западните делови
Скопје, 11 август 2021 (МИА) - УХМР информира дека попладнево земјата беше зафатена од нестабилна воздушна маса претежно во западните делови. Во Преспанскиот регион имаше појава на невреме проследено со пороен дожд, грмежи силен ветер и појава на град, велат од УХМР. Наврнат воден талог до 20 часот (во л/м2): 18 Тополчани, 15 Маврово, 7 Прилеп, 5 Тетово, Битола, Попова Шапка, 3 Претор, 2 Берово. Удари на ветер (во км/ч): 63 Охрид, 58 Скопје-Зајчев Рид, Битола, 45 Штип. ир/сп/

Остани поврзан