• петок, 05 декември 2025

УФЦ борба во кафез на тревникот пред Белата куќа за 250-годишнината на САД

УФЦ борба во кафез на тревникот пред Белата куќа за 250-годишнината на САД

Вашингтон, 13 јули 2025 (МИА) - Извршниот директор на УФЦ (UFC), Дејна Вајт, потврди дека во 2026 година, по повод 250-годишнината од потпишувањето на Декларацијата за независност, ќе се одржи борба во кафез на Јужниот тревник пред Белата куќа.

- Тоа ќе се случи, изјави Вајт за Волстрит џурнал. Идејата првично ја предложи претседателот Доналд Трамп на почетокот на јули, најавувајќи ја како дел од прославата „America250“. Според него, на историските локалитети низ САД ќе се организираат специјални настани, а УФЦ борбата ќе биде главна атракција за 20.000–25.000 гледачи.

Вајт најави дека настанот најверојатно ќе се пренесува на Си-Би-Ес, во рамки на нов седумгодишен договор вреден 7,7 милијарди долари со Парамонт, кој доаѓа во момент кога истекува актуелниот договор со И-Ес-Пи-Ен вреден 550 милиони долари годишно.

И покрај логистичките предизвици, со оглед на тоа дека кафезот „Октагон“ тежи над 11 тони - Вајт е решен да го реализира проектот, велејќи дека борците ќе се загреваат во самата Белата куќа. За настанот веќе интерес покажале Конор Мекгрегор и Џон Џоунс. ссм/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан