• понеделник, 07 октомври 2024

Утрово најстудено во Берово, најтопло во Дојран

Утрово најстудено во Берово, најтопло во Дојран
Скопје, 16 октомври 2022 (МИА) - Најстудено утрово беше во Берово каде е измерен минус еден степен, во Лазарополе е измерен еден степен, во Битола два, во Маврови Анови и Попова Шапка три, а четири степени се измерени во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Тетово, Прилеп, Демир Капија и Струмица. Највисока температура од осум степени беше измерена во Дојран, информираат од УХМР. Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 23 степени. Во Скопје сончево со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне 22 степена. дма/сст/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан