• вторник, 17 декември 2024

Утре четири часа без електрична енергија селата Ростуше, Велебрдо, Требиште и Битуше

Утре четири часа без електрична енергија селата Ростуше, Велебрдо, Требиште и Битуше
Дебар, 3 ноември 2021 (МИА) - Дел од Општина Маврово и Ростуше, поточно четири населени места во подрачјето на Река, вклучително и Ростуше, кое е седиште на општината, утре, четири часа ќе бидат без електрична енергија, информираа од општината. - Ги известуваме жителите од населените места Ростуше, Велебрдо, Требиште и Битуше дека, утре (4 ноември) во периодот од 10:00 до 14:00 часот, ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија, стои во соопштението на Општина Маврово и Ростуше. Се додава дека тоа е поради извршување технички зафати на електромрежата, со цел обезбедување непречено снабдување со електрична енергија. вт/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан