Стабилно време со утриснка магла до среда, а потоа дожд и ветер
- Од среда до сабота под влијание на серија од влажни воздушни бранови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува засилен до силен ветер, над 70 километри на час.
Скопје, 18 ноември 2024 (МИА) - Времето утре ќе биде стабилно со појава на магла по одделни котлини. Кон крајот на
денот и во текот на ноќта повремен локален дожд ќе има во западните делови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Од среда до сабота под влијание на серија од влажни воздушни бранови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува засилен до силен ветер, над 70 километри на час.
- Поради продор на постудена воздушна маса од север во петок во текот на ноќта и во сабота врнежите од дожд ќе преминуваат во снег на планините и на повисоките места, соопштуваат од УХМР. дма/са/
Фото: МИА архива