Утре во Битола посебен режим на сообраќај кон Охрид, ќе се санира мост на реката Драгор
- Општина Битола донесе одлука за посебен на режим на сообраќај кој ќе почне утре. Целта е непречана санација на мост на реката Драгор кој се наоѓа на улицата „Довлеџик" која води кон Ресен, Охрид и националниот парк „Пелистер“.
Битола, 25 мај 2025 (МИА) - Општина Битола донесе одлука за посебен на режим на сообраќај кој ќе почне утре. Целта е непречана санација на мост на реката Драгор кој се наоѓа на улицата „Довлеџик" која води кон Ресен, Охрид и националниот парк „Пелистер“.
Од секторот за односи со јавност соопштија дека главниот изведувач на проектот санација на мост на реката Драгор на улица „Довлеџик“ утре ќе врши изведување на градежни активности, а сообраќајот ќе се пренасочува по времен премин, девијација, што е изградена во непосредна близина на мостот.
До завршување на посебниот режим на сообраќај од Битола кон Ресен и обратно, на сообраќајницата ќе бидат поставени и соодветни патокази, нагласија од Општина Битола. мт/вг/
Фото: МИА