• недела, 28 јули 2024

Утре без струја делови од Сопиште, Кисела Вода, Бутел и Карпош

Утре без струја делови од Сопиште, Кисела Вода, Бутел и Карпош
Скопје, 5 септември 2022 (МИА) - ЕВН Македонија АД известува дека утре, 6 септември, без електрична енергија ќе останат делови од општините Сопиште, Кисела Вода, Бутел и Карпош. Во периодот од 08.00 до 15.00 часот, без струја ќе бидат корисниците од Сопиште - место викано Селиште. Од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улица „Марко Орешковиќ“, како и дел од корисниците од ул. „Мариовска“, во општина Кисела Вода. Во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. „Киро Димушков“ од бр.35 до бр.41 и од бр.48 до бр.54, во општина Бутел. Од 09.00 до 13.00 часот, без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од улица „Алжирска“ во општина Карпош. ир/дма/

Остани поврзан