Утре без вода улиците „Струшка“ и „Јуриј Гагарин“
- Водоснабдувањето, како што соопштуваат од ЈП Водовод и канализација - Скопје, ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Скопје, 11 април 2024 (МИА) - Поради дефект на улица „Струшка“ 4, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.„Струшка“ и дел од „Јуриј Гагарин“.
Водоснабдувањето, како што соопштуваат од ЈП Водовод и канализација - Скопје, ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот. дма/
Фото:МИА архива